Јавната расправа во Врховниот суд за петкратното убиство кај Смилковското Езеро денеска не се одржа. Причината поради која таа не почна беше отсуството на едно од осудените лица. Полицијата не можела да го донесе.
Во судницата не дојдоа ниту другите четворица осудени кои навреме биле известени дека нема услови за да се одржи јавната седница.
Врховниот суд треба да ги разгледува жалбите за пресудите за доживотен затвор кои ги донесе Основниот суд Скопје 1, а потоа ги потврди и Апелацискиот.
За следното рочиште Врховен ќе издаде наредба петтемина осудени да бидат донесени во судницата.
Од одбраната уште еднаш потенцираа дека овој случај треба да го преземе Специјалното јавно обвинителство за, како што рекоа, конечно да се дознае вистината.
Јавната расправа за случајот „Монструм“ е закажана за 3 октомври.







