Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Расчистено свирепото убиство на 14-годишното момче во Прилеп, малолетник признал дека го убил
Хроника

Расчистено свирепото убиство на 14-годишното момче во Прилеп, малолетник признал дека го убил

март 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Полицијата рано изутрината приведе две лица оосмничени за синоќешното убиство на 14-годишно момче во Прилеп.

Во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп, соопшти МВР.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

Момче на 14-годишна возраст синоќа околу 19:30 часот беше пронајдено без знаци на живот со повеќе убодни рани и надворешни крвавења во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот „Гоце Делчев“ наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“. Не давало знаци на живот и било пренесено во градската болница каде биле безуспешни сите обиди да се реанимира.

-Во 19:35 часот добивме повик за интервенција на булеварот. Констатиравме дека лицето има повеќе надворешни крвавења, не даваше знаци на живот. Беше пренесено на одделот за анестезија и реанимација при градската болница, но сите обиди за негова реанимација беа безуспешни, ни изјави дежурниот лекар при Службата за итна медицинска помош во Прилеп.

Увид направија полицијата и основен јавен обвинител. Наредена е обдукција на телото на 14-годишното момче.

– Според првичните сознанија, момчето било нападнато со остар предмет пред „Деветтокатницата“ во центарот на Прилеп. Пронајдено е со многу крвави убодни рани на тротоарот на булеварот „Гоце Делчев“, веројатно се обидело да се оддалечи од местото на нападот. Наредена е обдукција на телото за да се констатираат причините за смртта, вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

момче Прилеп расчистено Убиство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Засадиле 680 кила канабис, МВР откри голема нелегална плантажа

септември 23, 2026

Почина уште еден пациент заразен со западнонилска треска

септември 21, 2026

Предметот против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

август 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.