Политичарите наскоро би можеле да добијат нов противник – виртуелниот робот Сем, кој комуницира преку социјалната мрежа Фејсбук.
Творецот на вештачката интелигенција, Ник Геритсен, изјави дека виртуелниот политичар Сем ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд, пренесува Дејли Меил.
Сем моментно ги извршува комуникациите преку Фејсбук, а интеракцијата со луѓето му помага да учи, како и преку анкетата на неговиот профил на кој напиша дека, со оглед на тоа дека е виртуелен робот, не го ограничуваат ниту местото ниту времето.
Тоа значи дека можете да му поставите какво било прашање во било кое време и од било каде.
Роботот тврди дека, пред донесување на одлуката, ги зема во обзир сечии мислења и ставови, и дека никогаш нема намерно да каже лага или да ја искриви вистинитоста на информацијата.
„Постои расчекор во она што го сака Нов Зеланд, што ветуваат политичарите и што нивната политика може да направи. Јас ќе го премостам тој јаз“, порача роботот Сем.
Виртуелниот политичар уште учи и неговите одговори се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до 2020 година, до времето на изборите, Сем ќе биде доволно напреден да се кандидира.







