Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ременски: Сè уште немаме консензуален претседателски кандидат
Македонија

Ременски: Сè уште немаме консензуален претседателски кандидат

јануари 17, 2019Updated:јануари 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Владејачката коалиција на СДСМ и ДУИ сè уште е во фаза на консултации и анализи за тоа како ќе настапи на претстојните претедателски избори, а во СДСМ сè уште не е отворено прашањето за можните кандидати, ниту за тоа дали ќе се оди со концептот консензуален кандидат или не, но сите опции остануваат отворени.
Ова го изјави денеска потпретседателката на СДСМ и потпретседателка на Собранието, Фросина Ташевска-Ременски, на маргините на стручната тркалезна маса „Примена на нови технологии во изборните процеси“.
„Прашањата меѓу коалициските партнери во Владата се водат во рамки на органите на партиите и не се завршени. Сè уште се водат консултации и анализи. Во партијата сè уште не се отворени прашањата околу можните кандидати, дали тоа ќе биде концептот на консензуален кандидат или не, но секако сите опции се отворени за разговор и ќе го одбереме најсоодветниот начин за да можеме да ги обединиме граѓаните околу кандидатот на СДСМ“, истакна Ташевска-Ременски.
На прашањето за можноста заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори, таа посочи дека изборите за шеф на државата се согласно роковите, а предвремените ги најавува и бара лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, додека премиерот го зема предвид барањето кое ќе биде дискутирано во органите на партијата.
Сепак, според неа, во моментов вниманието треба да се насочи кон зацртаните реформи, кон добивањето позитивен извештај и отворање преговори со ЕУ, а не кон борба меѓу политичките партии.
„Опортуно за секоја политичка партија која води политики и е мнозинство е да сака предвремени избори за да го зајакне својот мандат и бројноста на парламентарното мнозинство. Но, имајќи ги предвид сите чекори кои треба да ги изодиме до добивање датум за преговори со ЕУ и сите чекори во исполнување на условите за добивање датум за преговори, а тоа се реформските процеси во делот на безбедноста и разузнавањето, јавната администрација и судството, а имајќи ги предвид и мајските избори за нов состав на Европскиот парламент, сиот овој период не треба да биде одење во празно или борба меѓу политичките партии, затоа што ова е период и патека која треба да ја изодиме за државата“, рече Ташевска-Ременски.

 

(Извор: МИА)

актуелно дуи Претседател сдсм Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.