Ринго Стар и Пол Макартни, два члена на легендарните Битлси, се состанаа во Старото студио во Лос Анџелес, изјави вечерва познатиот британски тапанар.
„Ти благодарам стари што дојде да свириш бас. Те сакам. Мир и љубов“, напиша Стар на Твитер каде ја постави и фотографијата на која се тој и Макартни прегрнати.
Во студиото е и гитаристот на Иглси, Џо Волш.
Последната соработка меѓу Макартни (74) и Стар (76) беше во 2010 година на албумот на Стар „Y Not“, во кој Пол свиреше бас во песната „Peace Dream“ и пееше во „Walk with you“.
Ринго Стар моментно снима нов албум, кој го претстави како продолжение на последниот „Postcard from Paradise„ од 2015 година.







