По теркот на сите урбани центри, Прилеп за прв пат доби јавен градски превоз кој започна во 2014 година со повеќе линии низ градот и заедно со Скопје се единствени градови во Македонија кои имаат јавен градски превоз, истакна денеска актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески.
„Превозот на патници се врши со пет нископодни автобуси, наплатата се врши во самите автобуси со монети и со електронски картички. Цената на едно возење со монети е 20 денари, додека со електронските картички цената е во зависност од бројот на возења во просек 15 денари за едно возење.
„Јавниот градски превоз се покажа како голем бенефит за сите жители на Општина Прилеп. За овие четири години во просек, јавниот градски превоз го имаат искористено повеќе стотици илјадни сограѓани, вели Ристески.
Ристески посочи дека во поголем дел јавниот превоз е субвенциониран од локалната самоуправа, а така ќе продолжи и во иднина.
„Во наредниот период планираме набавка на 10 нови нископодни автобуси со што ќе се овозможи поефикасен и поудобен превоз. Со набавката на новите автобуси ќе се зголеми бројот на линиите во градот“, вети Марјан Ристески.







