Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Родено првото бебе со тројца родители во Британија
Интересно

Родено првото бебе со тројца родители во Британија

мај 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бебе зачнато со ДНК на три лица се роди и во Велика Британија, откако лекарите спроведоа револуционерна „ин-витро“ процедура со цел да се спречи наследување неизлечиви болести. Ова е прв ваков успешен случај на Островот.

Во зафатот познат како митохондријална терапија за донирање (МДТ) или митохондријална заменска терапија (МРТ), дел од јајце-клетките на здрава дарителка се користи за да се создаде ембрион без опасни мутации што мајката би можела да им ги пренесе на своите деца. Бидејќи спермата и јајце-клетките на биолошките родители се комбинирани во ембрионот со биолошки материјал од третото лице, бебето ќе има ДНК на мајката и таткото, плус мала количина генетски материјал (околу 37 гени) од третата личност, пишува „Гардијан“.

Истражувањето и потфатот се спроведени во Обединетото Кралство, во Центарот за плодност во Њукасл. Научниците и лекарите имаат за цел да им помогнат на жените со мутирани митохондрии да имаат деца кои нема да ги наследат тие генетски мутации.

Имајќи предвид дека сите митохондрии се наследуваат од мајката, штетните мутации може да влијаат на здравјето на децата. Некои бебиња можат да се родат здрави бидејќи наследиле само мал дел од мутираните митохондрии, но други може да добијат многу повеќе од овие мутации и да развијат тешки, брзоразвивачки и често опасни болести.

Техниката се состои од неколку чекори. Пред сѐ, јајце-клетки од мајката и од дарителката се оплодуваат со спермата на таткото, одделно. Основниот генетски материјал потоа се отстранува од јајце-клетката на дарителката и го заменува оној од оплодената јајце-клетка на двојката.

Добиената јајце-клетка има целосна низа хромозоми од двајцата родители, но и здрави митохондрии од дарителката. Тоа потоа се внесува во матката.

Велика Британија не е првата земја во светот каде е родено бебе со оваа процедура. Американски и мексикански лекари во 2016 година изведоа успешно раѓање на првото дете зачнато со МДТ. Стануваше збор за жена од Јордан со митохондријални мутации кои предизвикуваат смртоносна болест – Лиевиот синдром. Пред третманот, спроведен во Мексико, жената имала четири спонтани абортуси и две родени деца, но едното починало на шест години, а другото живеело само осум месеци.

Фото: МИА 

бебе британија родено
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Откриена мистериозна древна населба на Пиринеите

јуни 6, 2026

Научници во Ангола идентификувале над 70 нови видови инсекти

јуни 6, 2026

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ – 24-часовни објави со фотографии што ќе се гледаат само еднаш

мај 18, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.