Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Рот: Албанија и Македонија припаѓаат во ЕУ
Европа

Рот: Албанија и Македонија припаѓаат во ЕУ

ноември 5, 2019Updated:ноември 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Албанија и Северна Македонија ги исполнија условите утврдени од Брисел. Тие припаѓаат на Европа. Би било фатално да се остави теренот на други актери како Русија, Кина или Турција“, истакнува германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот, во колумна за „Велт“.

„Да, ние треба да ја реформираме Европската унија! И тоа не е во спротивност со нејзиното проширување. Поголема ЕУ, која во исто време е поспособна, посуверена и подемократска, може да создаде поголема безбедност за своите граѓани. Затоа, претседателот ЕК во заминување Жан-Клод Јункер е во право: ‘историска грешка’ е што лидерите на ЕУ на 18 октомври не дадоа зелено светло за планираното почнување пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија. Не успеја да донесат одлука заради потребниот консензус“, наведува Рот.

„Повторното одложување на позитивното гласање предизвика вознемиреност – како на Балканот, така и во ЕУ, бидејќи и двете земји ги исполнија условите поставени од ЕУ“, вели Рот, посочувајќи оти и Европската комисија одамна го потврди тоа во своите извештаи.

„Наша примарна цел мора да биде да се ​​направи сè за мир, помирување и демократија на Западен Балкан. Бидејќи регионот не е „задниот двор“ на европската куќа. Тој е дворот! Стабилизацијата и поврзувањето на регионот е во непосреден европски и германски интерес. Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, таа им го препушта теренот на други актери како Русија, Кина или Турција. А нивниот примарен интерес секако не е зајакнување на демократијата и владеењето на правото“, дециден е Рот.

Позитивна одлука, според него, би го испратила неопходниот сигнал: ЕУ е сериозна во врска со нејзината одговорност за цела Европа и перспективата за приклучување на Западен Балкан. И, таа би признала и потврдила дека Албанија и Северна Македонија направија одлична работа и постојано ги спроведуваа реформите. И во двете држави, граѓаните и владите докажаа уште еднаш дека се подготвени да направат болни компромиси за приближување кон ЕУ.

„Одложувањето на одлуката за преговори му штети на кредибилитетот на Унијата. Во регионот, тоа ги зајакнува оние сили кои немаат интерес за реформи и напредок. Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев веќе најави оставка и нови избори за април. Постои опасност од повторно враќање во национализмот и отворање на старите рани и етнички конфликти“, наведува германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи.

Тој нагласува дека ЕУ треба да ги заврши домашните задачи и јасно да покаже дека стои зад европерспективата на земјите кандидати.

„Фактот дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ со Албанија и Северна Македонија неодамна пропадна заради отпорот на поединци е горчлив неуспех. Но, би било погрешно сега да ја закопате главата во песок. На пролет 2020 година, темата повторно треба да се најде на агендата на шефовите на држави или влади на ЕУ. Тогаш ние дефинитивно мора јасно да кажеме дека се придржуваме кон перспективата за пристапување на земјите кандидати. Понатамошните одложувања би биле неодговорни. Во меѓувреме, Северна Македонија и Албанија мора да ги продолжат своите реформски напори. Тоа е најдобриот сигнал за сите скептици. Во исто време, ние мора да завршиме своите домашни задачи во ЕУ и да разјасниме како да ги надминеме резервите што ги имаат одделни земји членки“, пишува Рот.

„ЕУ одамна ја научи својата лекција, дека во поранешните рунди на проширување на места прерано дала зелено светло. Методологијата на пристапните процеси ја преработивме и во меѓувреме ставаме силен фокус на демократијата и правната држава. Сметам дека ЕУ во следните месеци треба и понатаму да ја интензивира соработката со двете држави. ЕУ не е доволно видлива на Западен Балкан. Новата ЕУ-Комисија мора конечно да му даде приоритет на регионот! Притоа, можеме да ги поддржиме со експерти за консеквентно да ги придвижат реформите. И во рамките на берлинскиот процес мора уште посилно да се ангажираме и да инвестираме повеќе во регионалната соработка. Исто така, мора да ја засилиме младинската организација на Западен Балкан, за новата генерација да ја придобиеме како амбасадор на мирот и помирувањето. Западен Балкан останува проба на издржливост за трајниот успех на мирот на европскиот модел. Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашите ветувања“, заклучува Михаел Рот во колумната за „Велт“.

актуелно албанија балкан германија Европа македонија Михаел Рот
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.