Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Русија ислучена од Советот за човекови права на ОН
СВЕТ

Русија ислучена од Советот за човекови права на ОН

април 8, 2022Updated:април 8, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералното собрание на Обединетите нации изгласа суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН за време на вчерашната седница во Њујорк. Собрание гласаше за суспензија на Русија поради извештаите за „грубо и систематско кршење и прекршување на човековите права“ за време на инвазијата на Украина од страна на руските воени сили.

За предлогот на САД гласаа 93 земји, 24 гласаа против, а 58 земји беа воздржани, пренесува „Гардијан“. Во нацрт-резолуцијата, Генералното собрание на 193 земји-членки изрази „сериозна загриженост поради тековната криза за човековите права и хуманитарната криза во Украина“, особено поради извештаите за кршење на правата од страна на Русија.

Против суспензијата на Русија беа Алжир, Белорусија, Боливија, Бурунди, Еритреја, Етиопија, Габон, Иран, Кина, Конго, Куба, Казахстан, Киргистан, Лаос, Мали, Никарагва, Русија, Сирија, Централноафриканската Република, Северна Кореја, Таџикистан, Узбекистан , Виетнам и Зимбабве.

Земјите како Индија, Египет и Јужна Африка се меѓу оние кои беа воздржани.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија гласаа за суспензија на Русија.

Пред гласањето, украинскиот амбасадор во ОН, Серхиј Кислитсја, ја обвини Русија за „ужасни“ злоупотреби – покренувајќи го прашањето за наводните убиства на цивили во градот Буча.

Рускиот претставник Генадиј Кузмин го осуди гласањето, а некои други земји, вклучително и Северна Кореја и Сирија, го поддржаа во тоа.

Дмитро Кулеба, украински министер за надворешни работи, по гласањето изјави дека е „благодарен“ на земјите-членки на ОН што ја „избрале вистинската страна на историјата“ и гласале за суспензијата на Русија од Советот за човекови права на ОН.

„Воените злосторници немаат место во органите на Обединетите нации чија цел е заштита на човековите права“, рече Кулеба. .

Русија во средата ги предупреди земјите-членки на ОН дека доколку гласаат „за“ или воздржани за барањето на САД да бидат суспендирани од Советот за човекови права, тие ќе го сметаат тоа за „непријателски гест“ што ќе има последици за нивните билатерални односи.

Москва се закани со последици

Соединетите Американски Држави во понеделникот објавија дека ќе бараат Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН, откако Украина ги обвини руските војници за убиство на стотици цивили во Буча.

Руската мисија при Обединетите нации, пак, ги повика државите „да се спротивстават на антируската резолуција“.

„Вреди да се спомене дека не само поддршката за оваа иницијатива, туку и еквидистантната позиција во гласањето (воздржаност или неучество), ќе се смета за непријателски гест“, се вели во нотата.

„Покрај тоа, позицијата на секоја земја ќе биде земена предвид при развојот на билатералните односи и во работата на прашања кои се за нив важни во рамките на ОН“, додаде тој.

„Очигледната и отворена закана на Русија за земјите кои ќе гласаат да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН е само нов доказ дека Русија мора веднаш да биде ислучена од Советот за човекови права на ОН“, рече во средата Оливија Далтон, портпарол на американската мисија при Обединетите нации.

Америка Буча Обединети Нации русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Италија го менува својот изборен систем

октомври 9, 2026

Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести

октомври 9, 2026

Фон дер Лајен се очекува да ги претстави реформите пред проширувањето на ЕУ

октомври 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.