Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РУСИЈА НЕМИЛОСРДНА: Москва протера новинарка од порталот „Политико“
СВЕТ

РУСИЈА НЕМИЛОСРДНА: Москва протера новинарка од порталот „Политико“

август 16, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новинарката на порталот „Политико“, Ева Хартог, е протерана од Москва, иако во последните десет години известува од Русија, пренесува тој портал и додава дека таа безбедно ја напуштила таа земја.

Руското Министерство за надворешни работи ја известило во понеделникот Хартог, данска државјанка која има руски корени, дека нема да и биде продолжена визата и дека има шест дена да ја напушти земјата.

Хартог рече дека не добила дополнителни информации зошто властите донеле таква одлука.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, од странските новинари се бара на секои три месеци да аплицираат за визи и медиумски акредитации, наместо тоа да го прават на една година како што беше случај претходно.

Ова е прв случај, откако изби војната во Украина, новинар да биде протеран од Русија, додека дописникот на „Волстрит журнал“, Хуан Гершковиќ, е во затвор од март годинава под обвинение за шпионажа.

Главниот и одговорен уредник на европското издание на порталот „Политико“, Џамил Андерлини, потврди дека Хартог безбедно ја напуштила Москва откако руските власти одбиле да и ја обноват визата и прес акредитацијата.

„Многу сме разочарани од овој потег, но тоа не ја намалува посветеноста на ‘Политико’ да известува за владата на Русија и нејзината војна во Украина.

Се надеваме дека Ева и ‘Политико’ многу брзо ќе се вратат во Москва за да продолжиме со фактичко и непристрасно известување за руската политика“, истакна Андерлини.

Тој повтори дека Ева Хартог е безбедна, но дека Гершковиќ останува неправедно затворен поради неговото фер и точно известување и дека треба тој итно да биде ослободен.

актуелно војна инвазија Москва новинар русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.