Норвешкиот државјанин Фроде Берг кој е осуден за шпионажа во Русија се врати во својата родна земја после размената што беше направена во Литванија.
Норвешката новинска агенција НТБ соопшти дека Берг со приватен авион од Вилнус е префрлен на воениот аеродром Гардермоен во близина на Осло, во саботата доцна навечер.
Неговиот адвокат потврди дека неговиот клиент, пензиониран граничен инспектор, е ослободен, но дека е „збунет“ што се враќа во Норвешка после две години проведени во затвор во странска земја „под тешки услови“.
Берг е уапсен во декември 2017 година во Москва и осуден на 14 – годишна казна затвор заради шпионажа, затоа што, според обвинението, собирал информации за руски нуклеарни подморници.
Во петокот Берг беше пуштен како дел од размената на литванско-руската граница заедно со двајца Литванци и двајца Руси.