До 2024 година Русија ќе размести вкупно 28 сателити во вселената, за да воспостави сопствена сателитска мрежа за телефонска комуникација и пренос на телевизија, изјави заменик директорот на компанијата „Гоњец“, Олег Химочко.
Според неговите зборови, ова ќе биде воедно и прва руска сателитска мрежа за комуникација, со оглед дека тие услуги ги прижаат странски компании како што се „Глобал стар“, „Иридиум“ и „Тураја“.
Како пример го наведе и фактот дека Русија моментно својата сателитска комуникација ја обавува преку странски сателитски компании, дури и Министерството за одбрана користело услуги од американскиот оператор „Иридиум“.
„Првенствено оваа сателитска мрежа ќе биде користена за цели за индустриски интернет, поточно за потребите на енергетскиот и сообраќајниот сектор“, наведе Химочко.
Во втората фаза, пак, се предвидува дека сателитите ќе се користат и за обработка на „голем број податоци“, како и за технологијата „клауд“.
Инаку, компанијата „Гоњец“ функционира во рамки на руската вселенска агенција „Роскосмос“.







