Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РУСИЈА СЕ ОКРУПНУВА: Соединувањето со Белорусија ќе заврши во 2030 година
СВЕТ

РУСИЈА СЕ ОКРУПНУВА: Соединувањето со Белорусија ќе заврши во 2030 година

февруари 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Група новинари од целиот свет доби увид во интерен документ на руските власти наречен „Стратешки цели на Руската Федерација во насока на Белорусија“, според кој Кремљ планира да преземе целосна контрола врз политиката, економијата и воениот потенцијал на таа држава до 2030 година, пренесува „Медуза“.

Во изработката на планот учествувале главниот штаб на армијата, агенцијата ФСБ (поранешна КГБ), ГРУ, странската воена разузнавачка агенција и претседателската администрација предводена од Владимир Путин.

Не станува збор за нов план.

Според документот, стратегијата е изготвена во 2021 година. Напишана е на само 17 страници, а политичките, одбранбените, трговските и општествените цели на руските власти во Белорусија се поделени на краткорочни (до 2022), среднорочни (до 2025) и долгорочни планови (2030).

Руските власти очекуваат дека за седум години од сега ќе го прилагодат белоруското законодавство на руското, да ја преземат контролата врз надворешната политика на земјата и да управуваат со неа во интерес на Руската Федерација.

Русија, според споменатиот документ, треба да го зголеми своето воено присуство во земјата, да ги стави под своја контрола медиумите и да го зголеми нивниот број со нови, руски, и да постигне превласт на рускиот јазик над белорускиот.

Процедурата за издавање руски пасоши на граѓаните на Белорусија, исто така, би била поедноставена, со што ќе се создаде „слој на Руси заинтересирани за интеграција“, пренесува „Медуза“ за содржината на документот.

Официјален Кремљ очекува своето влијание да се шири преку науката и образованието, а за таа цел, како што се наведува, би отвориле испитни пунктови низ целата земја и би основале повеќе центри за наука и култура во Могилев, Гродно и Витебск.

Белорусија, практично, одамна е руски сателит, а тамошниот претседател Лукашенко за се го консултира неговиот „газда“ Путин.

„Медуза“ потсетува дека Русија и Белорусија потпишаа договор за сојузна држава уште во 1999 година, а преговорите за тоа се одолговлекуваа цели 20 години.

Уште во 2019 година беше објавено дека земјите успеале да договорат 28 синдикални програми поврзани со економски прашања како што е усогласувањето на монетарната политика и даночното законодавство.

Во новиот интерен документ за кој пишува „Медуза“, се забележува дека во развојот на планот учествувале Главниот штаб на вооружените сили на Руската Федерација, вработени во ГРУ, СВР, ФСБ и Одделот на претседателската администрација – претседателски оддел за гранична соработка предводен од Алексеј Филатов.

Филатов, наводно, ги застапува интересите на Кремљ во Јужна Осетија и Абхазија, а ја надгледува и хуманитарната и политичката интеракција со самопрогласените народни републики, Доњецк и Луганск.

„Медуза“ пишува дека новинарите го покажале документот на надворешни експерти, кои потврдиле дека изгледа веродостојно и дека тој треба да се сфати крајно сериозно.

Вакво мислење, посочи „Медуза“, го искажал и американскиот амбасадор во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мајкл Карпентер.

„Целите на Русија во однос на Белорусија се исти како и во однос на Украина, само што во случајот со Белорусија, Русија се потпира на присилба, а не на војна“.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Алексеј Николски)

актуелно Белорусија Владимир Путин Кремљ русија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.