Руската ВТБ банка соопшти дека размислува за преселување на своето европско седиште за инвестициско банкарство од Лондон, после одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.
„Преселување од Лондон или наше останување зависат од развојот на ситуацијата поврзана со Брегзит. Поради Брегзит, ВТБ ќе ги прилагодува своите активности во Лондон, но нема намера да го затвори своето работење“, се наведува во соопштението на руската банка.
Јунската одлука на Британија за напуштање на Унијата предизвика можност за масовно заминување на финансиски институции од британската престолнина.