Најнов тренд за обликување на косата се шири низ светот. Еден фризер од Санкт Петербург буквално ја пали косата на своите клиенти и така ги поместува границите на модата.
Видео снимката покажува еден сосем обичен работен ден на Александар Меншиков. Додека неговиот клиент потполно мирен седи во фотелјата, Меншиков ја изложува неговата коса на отворен оган.
„Овој метод ја прави фризурата динамична, а не мазна. Тоа не е за секој, туку само за оние кои веќе имале разни фризури и сакаат да пробаат нешто ново“, вели Меншиков.
Иако потстрижувањето со оган не е новина, се чини дека на овој фризерски стил последните месеци му расте популарноста ширум светот.