Естонија денес соопшти дека авион на руската влада го повредил нејзиниот воздушен простор во близина на островот Вајндио во Финскиот залив. Ова е, тврдат, втор ваков инцидент оваа година.
Војската на оваа балтиќка држава соопшти дека авион „тупољев“ 154 М, кој припаѓа на руското Министерство за внатрешни работи, околу една минута бил во естонскиот воздушен простор вчера околу пладне, пренесе денес АП.
Рускиот авион, се наведува во соопштението, не стапил во контакт со естонската служба за контрола на летање.
Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека го повикале рускиот амбасадор и му предале протестна нота по повод овој инцидент.
Инцидентот се случил во близина на коридорот по кој руските авиони летаат кон Санкт Петербург и од тој град, наведува АП.
АП напоменува дека лани имало два упади на руски авиони во естонскиот воздушен простор, а во 2016-та седум.







