Три лица загинаа, а 16 се ранети, во рускиот напад на украинскиот град Харков, јавува Ројтерс.
Руски ракети погодија три локации во Харков, соопштија локалните власти рано утрово.
Регионалниот гувернер, Олех Синијехубов, рече дека руските сили користеле техника на „двоен допир“ како што се случи во неодамнешните напади, изведувајќи втор напад веднаш по нападот на одредена локација.
Началникот на полицијата во Харков, Володимир Тимошко, за локалните медиуми изјави дека проектилите погодиле станбена зграда, продавница во трикатница и кројачка работилница.
Синиехубов наведе и дека најмалку две деца се меѓу повредените во нападот што се случил околу полноќ по локално време, предупредувајќи дека постои можност некои луѓе да останале заробени под урнатините.
(Фото: Сергеј Бобок / АФП)







