Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Русковска: Новото обвинителство може да го отвори од почеток „Империја“
Политика

Русковска: Новото обвинителство може да го отвори од почеток „Империја“

јули 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Новото обвинителство најавено со Предлог законот што го објави вчера премиерот Зоран Заев може да го отвори од почеток предметот „Империја“, рече шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска во
денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

„Не, мислам дека не. Откако Врховниот суд го донесе тоа несреќно мислење, сметам дека и да остане така сега новото обвинителство може да го почне од почеток, да ги собира доказите, апсолутно сметам дека кој било од предметите ако има доволно докази и ако не застари, нема да пропадне“, посочи Русковска, прашана дали отворањето на случајот „Рекет“ може да го поништи предметот „Империја“.

Русковска, според предлогот од премиерот Зоран Заев, ќе раководи со обвинителството во кое со новиот закон за јавно обвинителство се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Давањето поткуп или рекет, наведе обвинителката, е кривично дело, но, има едно големо но, ако тој го пријавил кривичното дело, тогаш се ослободува од одговорност.

„Сведокот додека беше во куќен притвор, добив информација дека сака да се види со мене. Јас реков – не, кога ќе излезе, ако излезе од домашен притвор, кога сака може да дојде“, посочи, меѓу останатото Русковска.

Долго време ја работеле предистрагата за „Рекет“, бидејќи, посочи, имало сомнежи дека можеби сведокот сака да им се одмазди на колегите од СЈО.

Како што објасни, сведокот отишол кај премиерот, му предочил мал дел од доказите што ги има по што премиерот ги информирал неа и јавниот обвинител Љубомир Јовевски дека има сознанија за сторено кривично дело и дека сака да дојде да поднесе кривична пријава.

Со Јовевски го советувале дека е најдобро да дојде сведокот сам да пријави затоа што во секој случај знае многу повеќе и има поголеми детали од она што го знае премиерот.

Појаснувајќи ја причината зошто сведокот првин се пожалил кај премиерот, Русковска рече дека се работи за специфичен случај, затоа што првоосмничениот постојано бил во друштво со министри, обвинители, судии и, нагласи, едноставно луѓето немаат доверба.

Иако немаат, како што појасни, снимки од снимени комуникации, туку аудио и визуелни снимки од домот на сведокот, тие ќе може да се користат затоа што, како што потенцираше, и Венецијанската комисија се има изјаснето дека кога е во прашање јавниот интерес снимки кои се прибавени на нелегален начин можат да се користат како доказ во постапката.

Русковска вели дека од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција не е побарана посебна истражна мерка за Катица Јанева.

„Ние не ја следиме, а дали некој друг ја следи тоа не знам“, рече Русковска, дополнувајќи дека не се виделе со Јанева, освен истражителите кога биле во нејзиниот дом со наредба за одземање мобилни телефони.

Вториот телефон не е најден се уште, а за одземениот има наредба за вештачење кое очекува да биде готово задутре.

Покрај од сведокот, имало и други пријави поврзани со случајот и во тек на предистрагата која траела 2,5 месеци.

„Има, како што рече, и нови пријави за суми од над 500 илјади евра. Сепак за се што ќе се пријави треба да се обезбедат докази“, потенцираше Русковска.

Како што рече, не била консултирана за новиот закон за јавно обвинителство и била изненадена од објавата за него.

Веројатно ќе има некои забелешки за законот кој се уште не го видела детално.

„Сметам дека Вишото обвинителство треба да ги застапува предметите на новото
обвинителство пред Апелацискиот суд“, рече, меѓу останатото, Русковска.

актуелно Империја Ново обвинителство Русковска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.