Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » РУСКО-УКРАИНСКА ВОЈНА: Нов напад на Кримски мост, има жртви
СВЕТ

РУСКО-УКРАИНСКА ВОЈНА: Нов напад на Кримски мост, има жртви

јули 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Запрен е сообраќајот на Кримски мост, кој ги поврзува полуостровот Крим и руската област Краснодар, поради „вонредна ситуација“, објави денеска на Телеграм прорускиот гувернер Сергеј Аксјонов.

Тој, исто така, ги повика жителите да не го преминуваат мостот.

Не наведувајќи деталу, Аксјонов напиша дека „вонредната ситуација“ се случила на 145-от столб од мостот.

Во прекин е и железничкиот сообраќај преку мостот на Крим, но Аксјонов вели дека тој сепак ќе продолжи.

„Наскоро властите ќе дадат повеќе информации за причините за инцидентот“, истакна тој во објавата.

Во неа се додава и дека Аксјонов разговарал со првиот заменик министер за транспорт на Русија, Андреј Александрович Костјук.

Руското Министерство за транспорт потврди дека има оштетувања на патот на кримската страна на мостот, пренесува ТАСС.

Од таму не ги потврдуваат извештаите за тоа дека потпорните столбови се оштетени.

„Министерството соопшти дека во тек е проверка на мостот“, пренесува ТАСС на својот канал на Телеграм.

Украинската новинска агенција РБЦ јави дека на мостот се слушнале експлозии.

Во близина на мостот се прават големи гужви.

Рускиот канал „Сива зона“ на Телеграм, кој е поврзан со групата „Вагнер“, објави дека мостот бил нападнат двапати после 3.00 часот по локално време.

Објавени се и снимки на кои се гледа како чад се издига над мостот.

На социјалните мрежи јавуваат дека во експлозиите загинале две лица, а едно дете е повредено.

„Брачен пар кој патувал со автомобил го загубил животот, а нивната ќерка е повредена, во инцидентот што утринава се случи на мостот на Крим“, соопшти гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков.

Семејството, наведе Гладков во неговата изјава, е од округот Новосколски во Белгород, кој граничи со украинската регија Харков, и им нареди на локалните власти да ги известат нивните роднини.

„Животот на девојчето не е во опасност и тоа е ставена под лекарски надзор“, рече тој.

„Девојчето е повредено, но не многу тешко… Најтешко е што и починаа родителите, тато и мама“, објави „Гардијан“.

Како што пишуваат руските медиуми, патувале на годишен одмор на брегот на Црното Море.Убиени се Алексеј и Наталија, а нивната ќерка Ангелина е ранета.На социјалните мрежи е објавено видео од нивниот распарчен автомобил.

Тие пишуваат дека Анџелина се здобила со повреди на главата и градниот кош, но нејзиниот живот не е во опасност. Решиле да патуваат ноќе за да ги избегнат гужвите.

Украина се уште не коментира ништо во врска со случувањето на Кримски мост.

Русија го анектира Крим во 2014 година. Мостот долг 19 километри беше оштетен во експлозија во октомври минатата година, во нападот за кој Москва рече дека го извршиле украинските безбедносни сили. Украина неколку месеци подоцна индиректно ја призна одговорноста.

 

 

Зад нападот на мостот на Крим стои Киев

Кремљ излезе со соопштение во врска со денешниот инцидент на Кримски мост.

„Денешниот напад на Кримски мост се случи во режија на властите во Киев. Овој режим е терористички и ги има сите карактеристики на меѓународна организирана криминална група. Одлуките ги носат украинските функционери и војската со директно учество на американски и британски разузнавачки агенции и политичари. Америка и Британија се на чело на терористичката државна структура“, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

 

 

 

 

актуелно Вагнер Крим мост Русика Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.