Американскиот Стејт департмент соопшти денес дека е запознат со извештаите за договореното примирје во опколениот град Алепо за што посредуваа Турција и Русија.
Во соопштението се додава дека Стејт департментот ќе го поздрави договорот ако тој доведе до запирање на бомбардирањата и им овозможи на луѓето да ја напуштат таа област пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби рекол дека не гледа причини да се сомнева во вистинитоста на вестите за примирјето, но дека не може да ги потврди.
Тој додаде дека примирјето во Алепо не би значело крај на крвопролевањето во Сирија и ги повика различните фракции да се вратат на политичките преговори за да се заврши војната, наведува Ројтерс.
„Ние внимателно ќе ја следиме состојбата“, рече Кирби на брифингот за медиуми.