Само еден ден откако САД на Авганистан ја фрлија најголемата конвенционална бомба, позната како „Мајка на сите бомби“, објавено е дека неодамна во Невада успешно е тестирана атомската бомба Б61-12, без нуклеарно полнење, пренесуваат американските медиуми.
Бомбата е фрлена за да се демонстрира капацитетот на авионот Ф-16 дека го користи тоа оружје и да се тестираат нејзините компоненти кои не се нуклеарни, соопштија официјални лица од американското воздухопловство.
„Гравитациската бомба Б61-12 обезбедува актуелен капацитет за американските стратешки нуклеарни сили кои ги користат бомбардерите како и врстите на авиони со дуал капацитет како поддршка на НАТО“, изјави еден од првите луѓе на американското воздухопловство Пол Вог.







