Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација
Економија

Само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација

септември 9, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нов модел за субвенции во домашниот туризам кој наредните две до три години ќе генерира повеќе од половина милион ноќевања, предлага АППТ. Моделот базира на категоризација на сместувачките капацитети.

Еден од предлозите на Агенцијата за да се достигне бројката од 500 000 до 700 000 ноќевања, е и К-15 на сите вработени во земјава да им се исплаќа како ваучер за одмор (сместување) во домашните туристички капацитети, а тие потоа да се пребиваат со данокот на добивка или некој друг данок.

Според директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски, домашниот пазар се покажа многу значаен и во изминатите три години е во постојан пораст. Ако се погледнат резултатите од првата половина на 2022-ра, се забележува зголемување за 20 до 25 отсто во споредба со лани, што е континуитет од 2020 година. Но, само три отсто од домашните тур-оператори ја продаваат земјава како дестинација.

За него, како што вели, начинот на кој во овој момент се поставени субвенциите е неодржлив, а треба да се проанализира и ефектот од ваучерите и начинот на кој тие се издаваа.

-Субвенционирањето е краткорочна мерка која треба да го зајакне стопанството, да овозможи негов раст, а дополнително и да ги охрабри инвеститорите кои понатаму ќе вложуваат во дестинацијата. Во 2019 година го предложивме новиот модел кој требаше да отвори дебата. Базиран е на категоризација, на плаќање во и вон сезона, на различна сума субвенции и на изедначување на пазарите, на типовите аранжмани и ги опфаќа сите типови сместувачки капацитети, но по различна скала на плаќање. Аранжманите ББ (ноќевање со појадок) во хотелите со пет ѕвездички треба да добиваат најголема субвенција за разлика од аранжманите во хотели со три ѕвездички, а приватното сместување во кое и вложувањата се различни, треба да има 50 отсто пониска субвенција од хотелите со три ѕвездички, смета Јаневски.

Овој начин, оценува, ќе овозможи дополнителна конкурентност на дестинацијата, вложување на странските тур-оператори, но и на домашните инвеститори и менаџери во подобрување на условите, како и реална, објективна категоризација која вистински ќе ја отсликува состојбата во хотелите.

-Во 2021 година АППТ до вицепремиерот Фатмир Битиќи достави систем на субвенционирање за домашните тур-оператори со кој директно ќе се овозможи вон сезона да понудат аранжмани во нашите туристички места. За сите викенд пакети да има дополнителна услуга. До три ноќевања со појадок да има една субвенција, над три ноќевања дополнителна, друга субвенција. На ваков начин цениме дека во наредните две до ти години домашните тур-оператори ќе се охрабрат во и вон сезона што повеќе да ја продаваат земјава како туристичка дестинација на домашните туристи, да се овозможи генерирање над половина милион ноќевања, објаснува директорот, посочувајќи дека „надвор од сезона“ значи сезона за нашите ски центри.

Јаневски најавува дека догодина Агенцијата ќе иницира широка дебата со истражувања. Сепак, тој не може да прецизира која би била висината на субвенциите.

-Целта е 2024 година да ја дочекаме со нов, едноставен правилник за субвенционирање и дополнително регулирање на пазарот. Идејата е, практично, стимул за домашните тур-оператори што повеќе да ја продаваат нашата дестинација. За комплетен ефект во 2024-та, догодина ќе се овозможи и широка дебата за начинот на субвенционирање на странските тур-оператори кој ќе биде насочен кој развој на квалитетот, дополнува директорот на АППТ.

Моделите за субвенционирање во други земји се различини и краткорочни. Како што укажува Јаневски, траат меѓу една до три години и имаат конкретни, тергетирани цели. Еден од успешните примери е Хрватска која пред десетина години воведе модел за субвенционирање рурални домаќинства и тоа, потенцира Јаневски, даде максимален ефект.

 

 

 

МИА

актуелно дестинација домашни тур оператори туристичка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.