– На територија на Град Скопје вчера беа изречени вкупно 182 мерки, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Од нив, 29 се за непрописно паркирање, а 35 за непочитување на брзина на движење.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 18 санкции се изречени за користење на мобилен телефон, а седум санкции за возење под дејство на алкохол.
Осум се за некористење на сигурносен појас, шест санкции се изречени за возач почетник, а 11 за возење без возачка дозвола.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.