Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сарацин: Со францускиот предлог вратата на Северна Македонија за пристапување кон ЕУ е широко отворена
Македонија

Сарацин: Со францускиот предлог вратата на Северна Македонија за пристапување кон ЕУ е широко отворена

јули 6, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со прифаќањето на францускиот предлог се овозможува веднаш да се започне процесот на пристапните преговори на Северна Македонија кон ЕУ без понатамошни одолговлекувања и без можност за блокади. Германија е на страната на Северна Македонија и ќе се залага европската перспектива на Западен Балкан активно да заживее, посочи германскиот специјален претставник за Западен Балкан, Мануел Сарацин кој денеска е во официјална посета на нашата земја.

Тој на денешната прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека вратата кон пристапување на Северна Македонија во ЕУ со овој договор е широко отворена. За да се влезе низ оваа врата, како што рече, не е лесно, но тоа е одлука на нашата политика и на нашата земја.

„Знам дека ова е тежок момент за вас сега и за луѓето, но истовремено е и момент кој носи одредена надеж во себе. Верувам во македонската политика и во луѓето и оти сите заедно ќе продолжиме на патот кон ЕУ. Нападот на Руската Федерација врз Украина покажува колку е важно заеднички да се решаваат проблемите, да се организираме, но и ни покажува дека ништо повеќе не нуди толкава сигурност како да се биде во европските организации, преку европските договори, додаде Сарацин.

Тој напомена дека се залага за проширување и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ и затоа како што рече, имаме поддршка побрзо да напредуваме. 

„За мене лично е многу важно овој процес со Северна Македонија да се случи, бидејќи е во интерес и на вашата земја и на ЕУ, додаде германскиот специјален претставник за Западен Балкан.

Според Сарацин, овој договор е добар бидејќи се земени в предвид барањата на Владата на Северна Македонија и истиот предвидува процесот на пристапните преговори да започне веднаш без одолговлекување.

Посочи оти разбира дека има и критики за предлогот, дека постои грижа за сопствениот национален идентитет при што потенцираше дека за Германија е многу јасен, но како што рече, со овој предлог нашиот идентитет е сочуван.

„Северна Македонија може конечно да ги започне пристапните преговори, за кои се залагаше 17 години и тоа од страна на најразлични партии и политичари. Но, сега е дојден моментот. Сега треба да го направите следниот чекор. Целата Сојузна влада и јас лично се залагаме за европската перспектива на Западен Балкан активно да заживее и мислам дека во следните денови Северна Македонија би можела да даде значаен придонес. Германија притоа ќе биде на страната на Северна Македонија. Им ја нудиме поддршката на сите политички сили и сакаме заедно со вас многу побрзо да ја достигнеме целта, додаде Сарацин.

Тој додаде дека овој договор треба да се прифати сега, бидејќи смета дека можеби повторно нема да добиеме можност за некој нов договор кој ќе е подобар од овој.

„Разбирам дека има недоверба кон бугарската позиција. Во Софија слушнав дека има доверба кон позицијата во Скопје. Јас не можам да ветам каков ќе биде исходот од изборите во Бугарија, но едно е јасно, а тоа е дека се што може да се реши сега, треба да се реши, бидејќи треба да се обезбедите за поопасни времиња. Не сум убеден дека чекање сега е паметно. Германија и ЕУ ќе направат се за да гарантираат дека патот на Северна Македонија во ЕУ ќе биде отворен, посочи Сарацин.

актуелно преговри предлог пристапност сарацин северна македонија француски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.