Сбербанк Србија е расположена за купување некои банки во Србија, изјави претставничката на извршниот одбор на Сбербанк во Србија, Маријана Василеску. Како што наведе на конференцијата за медиуми, Сбербанка во Србија е заинтересирана за ширење на бизнисот.
„Разгледуваме, гледаме што е тоа што би ги задоволило нашите клиенти и кога такво нешто ќе најдеме подготвени сме да разгледаме за аквизиција“, рече Василеску.
Таа истакна дека услов за евентуално купување на некоја од банките е да бидат задоволени сите услови кои им се важни, но не наведе кои се тие.







