Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сведок на „Рекет“: Се плашев да пријавам знаејќи ја тогашната моќ на СЈО
Судски процеси

Сведок на „Рекет“: Се плашев да пријавам знаејќи ја тогашната моќ на СЈО

декември 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вториот сведок на денешното рочиште за случајот „Рекет“, бизнисменот Зоранчо Митровски, нагласи дека бил запрепастен кога во медиумите слушнал оти е осомничен во случај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Тој наведе дека е почесен конзул на Летонија и оти е бизнисмен долги години, кој има свои винарии на повеќе места во Европа.

Митровски, откако слушнал во медиумите дека се споменува како осомничен, побарал да пристапи до обвинителите во СЈО, да однесе документи, да исконтактира со нив, но, како што вели, му било речено „се во свое време“. Бил загрижен за својот углед и чест, но исто така бил и исплашен, поради, како што нагласи, тогашната моќ на СЈО.

„Нарушувањето на честа и угледот не се надоместува. Кога СЈО не ме удостои да ме прими за да дадам документи и да престане голготата, почна кокетирањето со мене, добронамерни посредници, па ми кажуваа дека не е страшно, објасни сведокот.

Тој наведе дека Сашко Бошков му раскажал за средбата со првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и што се зборувало таму – дека Јованоски побарал два милиони евра за да се реши случајот со Митровски, кој му е кум и долгогодишен пријател на Бошков.

„Бошков ми кажа што му кажал Јовановски, кој не беше опасност за мене, но сфатив дека приказната е многу поголема и сериозно се исплашив, потенцираше Митровски, истакнуваќи дека немал намера да даде пари.

Додаде дека смета оти Јанева го искористила Јовановски.

Митровски, како почесен конзулат на Летонија, одлучил за случувањата да го извести Алберт Сарканис, нерезистентниот амбасадор на Летонија.

Сараканис имал средба со министерот за надворешни работи и му пренел.

Потоа од МНР се обидувале да воспостават неофицијални контакти со Митровски.

Третиот сведок на денешното рочиште Томе Главчев, сопственик на компанијата „Ноел“ раскажа дека имал многу потресно искуство при сослушувањата во СЈО за друг случај. Истакна дека на неговиот адвокат му била дадена листа на докази, меѓу кои имало и такви, кои воопшто не се однесувале на него.

Главчев рече дека неговата компанија лансирала нови производи на пазарот, наменети за жени. Од таа причина сакал поголем маркетинг, бидејќи неговата конфекција е позната по изработка на кошули за мажи.

Тој во повеќе наврати контактирал со Јовановски, но сите разговори биле поврзани со рекламирањето во телевизијата 1ТВ.

Сведокот раскажа дека по случувањата, односно откако неговото име било објавено во медиумите, како осомничен за случајот „Поштенска банка“, цената за рекламирањето се зголемила. Од договорените 40.000 – 50.000 евра на околу 100.000 евра.

Главчев раскажа дека тој сам го прашал Боки 13 да не има некоја информација за случајот во СЈО, бидејќи, како што објасни, го гледал Јовановски на фотографии со обвинителите. Јовановски на тоа му одговорил „јас мислам дека си дел од колатералка и треба да бидеш спокоен“ .

Како што јави МИА, првиот сведок Сашко Бошков, адвокат, пријател и кумашин на Митровски, посочи дека Јовановски му побарал два милиони евра за да се решат случаите на Митровски.

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 27 декември со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

 

 

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно рекет сведок СЈО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.