Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сведоци во судот тврдат дека УБК е организатор на настаните од 27 април
Судски процеси

Сведоци во судот тврдат дека УБК е организатор на настаните од 27 април

декември 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По повеќе од три месеци од судењето за настаните од „27 април“ вчера во Кривичниот суд првпат беше посочено дека Управата за бесбедност и контраразузнавање е организатор на упадот во Собранието на РМ. Тројца од обвинети изјавија дека биле организирани од обвинетиот Александар Василевски-Нинџа кој пак примал дирекни наредби од поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и началникот во Управата, бегалецот Никола Бошковски.

Обвинетите во речиси идентични искази ги објаснија дејствувањата на групите кои биле организирани и пред настаните од 27 април, како што е протестот пред ДИК и рекоа дека биле изиграни од УБК врз основ на нивните патриотските чувства дека се работи за опстанокот на Македонија, а со цел да се заштитат одредени луѓе на власта.

Обвинетиот Стефан Младеновски, во својот исказот рече дека добивал наредби од Нинџа, од кој пак дознал дека е близок со првиот човек на УБК и дека можел да прави што сака. Тој со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со неговиот брат и таму се запознал со лицето Прскач од УБК. Наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО. За планот за влегувањето во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа, а таму имало луѓе од МВР и УБК.

„На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.

Обвинетиот Михаил Младеновски по исказот на неговиот брат Стефан ги потврди наводите дека целиот настан е креиран од структури во УБК со цел некои луѓе да си ги задржат своите функции, без разлика на жртвите.

Рече дека по насоки на УБК Нинџа требало да следи одредени лица кои, како што кажуваше, се државни непријатели. Објасни дека Нинџа на свое располагање имал две возила од УБК, моторола за следење на целата комуникација на СВР Скопје и полициски значки.
„Нинџа употребуваше еден збор дека ние сме надворешна 5-ка, односно група што содејствува надворешно со УБК. Тоа го нарекуваа пирамида што не може да биде урната. Никола Бошковски во една прилика ми кажа дека сме како јато и ако еден се одвои ќе биде осамена птица и незаштитена, рече обвинетиот Младеновски.
Михаил се присети дека немале насоки што да прават во Собранието на 27 април, каде се движел по инерција со толпата и откако излегол се видел со другите во паркот Жена борец.
„Тогаш дојде голф петка со сива боја и застана кај Зегин, спроти Жена парк. Тоа е службено возило на Никола Бошковски. Ни кажаа дека во возилото има оружје и треба да се подели на луѓе кои знаат да ракуваат со оружје. Причината за тоа е зошто имале информации дека доаѓа група Албанци со оружје.
Ама тоа не се случи. Тогаш Синиша од кај претседателот Иванов ни кажа дека ќе се прогласи воена состојба и со воена полиција ќе се апси новото парламентарно мнозинството за државен упад. Таа неизвесност траеше до 22 часот, кога Иванов излезе и повика на смиреност и закажа лидерска средба, изјави обвинетиот Младеновски, потенцирајќи дека знае дека има голем интерес јавноста да ја знае вистината.

Обвинетиот Захарие Симовски, кој беше најавен од неговиот адвокат како „трет херој на денот“, во изнесувањето на неговата одбрана рече дека учествувал во настаните од 27 април, како и претходно во протестите со иницијативата „За заедничка Македонија“, по наредба на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на кого му бил личен телохранител од 2015 година.

Симовски рече дека во 2016 година на протестите пред ДИК кога чекале наредба да прават нереди и да фрлаат со молотови коктели, биле известени од Нинџа дека директорот на УБК Атанасовски дал наредба да се запалат домовите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов и автомобилот на Љубомир Фрчковски.

„Јас имав задача да ги најдам локациите и ги известив дека во домовите на таргетираните лица нема никој, како и дека бараното возило на Фрчковски, не е на паркингот пред неговиот стан. За среќа не дојде до таков настан, истакна Симовски.

Обвинетиот рече дека учествувал и на протестите на „За заедничка Македонија“  на кои најчесто тргнувале од пред ТЦЦ Плаза и многу често неговиот шеф Нинџа влегувал во зградата на ВМРО-ДПМНЕ на средба со функционери, а имал сознание дека се сретнувал и со тогашниот премиер Никола Груевски.

На 27 април во кафе барот „Дион“ стигнал околу 14 часот, а претходно му било јавено да го земе оружјето, кое, како што наведе, никогаш не го употребил. По средбата во кафе барот тргнале кон Собранието каде прво влегле во пленарната сала, а потоа кон прес-центарот.

„Кога обезбедувањето на пратениците пред прес-центарот испука кршум, го видов Игор југ како репетира пиштол, а јас само го допрев мојот пиштол преку облеката, истакна Симовски, додавајќи дека влегле во салата и потоа излегле и сите од групата се нашле пред споменикот во „Жена парк“.

Таму констатирале дека се измамени и изиграни од власта, посебно од Управата за безбедност и контраразузнавање која најчесто ги контактирала и организирала групите.

По изјавата на Михаил Младеновски дека советникот на претседателот Синиша Алексоски им кажал дека претседателот Ѓорге Иванов ќе прогласи воена состојба, вчера реагираше Кабинетот на претседателот.

„Давање на лажен исказ е кривично дело. И  по не знаеме кој пат, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија ги отфрла искажаните лаги, измислени настани и непостоечка комуникација за вмешување на советникот Синиша Алексоски во случајот од 27-ми април, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот

настани свр скопје собрание судење УБК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Околу седиштето на ОН илјадници полицајци распоредени за време на Генералното собрание во Њујорк

септември 23, 2026

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за нова вицегувернерка на Народната банка

септември 2, 2026

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

јули 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.