Кинескиот извоз во август се намали за 8,8 отсто, на 284,9 милијарди долари, но тоа е помалку од очекуваниот пад од 9,2 отсто.
Падот доаѓа по три последователни месеци и драстичен пад на извозот на стоки во јули од 14,5 отсто.
Увозот во август е за 7,3 отсто помал во однос на истиот период лани.
Извозот во Америка е намален за 9,5 отсто, во земјите на АСЕАН е помал за 13,25 отсто, а пак во Европската унија за дури 19,58 отсто.
Извозот на ретки метали во јули скокнал за 30 отсто во однос на јули лани, на 4.775 тони.
Вкупниот извоз на Кина за првите осум месеци во однос на истиот период лани е помал за 5,6 отсто и изнесува 200 билиони долари.