Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СВЕТСКИ БЕРЗИ: Скок на индексите, слабеење на инфлацијата
Берза

СВЕТСКИ БЕРЗИ: Скок на индексите, слабеење на инфлацијата

ноември 20, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цените на акциите на светските берзи минатата недела силно пораснаа затоа што инфлациските притисоци во САД и во другите западни земји попуштаат, па инвеститорите веруваат дека циклусот на заострување на монетарната политика е завршен.

На Волстрит, Дау Џонс (Dow Jones) минатата недела порасна за 1,9 отсто, на 34.947 поени, додека СиП 500 (S&P 500) зајакна 2,2 отсто, на 4.514 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) за 2,4 отсто, на 14.125 поени.

Повеќето од тие добивки беа благодарение на силниот раст на цените на акциите во вторникот, кога беше објавено дека во САД во октомври стапката на инфлација падна на 3,2 отсто, од 3,7 отсто во септември.

Попуштањето на инфлацијата ја поддржува тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заострува монетарната политика.

Покрај тоа, низа последни податоци покажуваат дека економијата и понатаму релативно стабилно расте, односно дека, и покрај острото зголемување на каматите во последната година и пол, таа избегна рецесија.

Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја сузбие инфлацијата.

Но, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматите непроменети, па инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД порачуваат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

„Потполно е јасно дека овие податоци поттикнаа силен раст на цените на акциите. Олеснувањето на инфлацијата ја поддржува тезата дека на ФЕД нема да му треба дополнително да ја заострува монетарната политика за да ослабне растот на потрошувачките цени“, вели Крег Фер, стратег во компанијата „Едвард Џонс“.

Сепак, после остриот скок на цените на акциите во вторникот, во остатокот од неделата се тргуваше можне претпазливо.

Повисоките каматни стапки ќе го намалат кредитирањето, а со тоа и потрошувачката, што ќе го забави растот на економијата и ќе ги притисне заработките на компаниите. Затоа, дел од инвеститорите не се подготвени дополнителни да ризикуваат, додека некои сметаат дека се уште има простор за раст на пазарот и дека е поволна прилика за купување акции.

Економистите објаснуваат дека во последниве денови, пазарот покренал „војна“ помеѓу оние кои сакаат да го „соберат“ профитот од пазарот, после силниот раст на цените на акциите на почетокот на неделата, и оние кои сметаат дека е добра прилика за купување“.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматите.

На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматите од страна на ФЕД би можело да следи во мај следната година.

Цените на акциите пораснаа и на европските берзи, благодарение на ублажувањето на инфлацијата во еврозоната.

Според извештајот на Евростат, инфлацијата во октомври изнесувала 2,9 отсто, значително помалку од септемвриските 4,3 отсто.

Лондонскиот ФТСЕ (FTSE) индекс зајакна минатата недела за 1,95 отсто, на 7.504 поени, додека франкфуртски ДАКС (DAX) скокна за 4,5 отсто, на 15.919 поени, а париски ЦАЦ (CAC) 2,7 отсто, на 7.233 поени.

актуелно акција берза инфлација камати пазар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.