Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СДСМ бара фокус на реформите и евроатлантските интеграции, ВМРО сака предвремени избори
Македонија

СДСМ бара фокус на реформите и евроатлантските интеграции, ВМРО сака предвремени избори

јули 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се уште е нејасно дали предлогот на премиерот Зоран Заев за лидерска средба за најмалку три теми – законот за обвинителство, пописот и измените на изборниот законик ќе биде прифатен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која пак бара лидерска, но за организирање предвремени избори. За време на изминатиот викенд имаше неколку изјави на таа тема, но од нив не може да се добие информација дали и кога ќе има ваква средба.

Владејачката СДСМ инсистира на фокус на реформите и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, особено пред октомвриската одлука за датумот за преговори, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори наместо преговори за трите теми кои ги спомена премиерот Заев.

ВМРО-ДПМНЕ информира дека се уште нема покана за лидерска средба, а портпаролот на партијата Наум Стоилковски на прес-конференција рече дека власта и премиерот Заев треба да покажат зрелост, да се седне и да се разговара за што поскоро организирање на предвремени избори, бидејќи, како што рече „изворот на сите проблеми се наоѓа на Илинденска број 2“.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски претходно во интервју за Алсат М, кажа дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

– Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари, изјави Мицкоски.

Од СДСМ вчера повторија дека стратешки интерес на државата е да се донесе  Законот за јавно обвинителството.

– Се уште нема договор за лидерска средба. Но ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочи процесите што се од интерес на државата и да помогнат да се донесат законите кои се во интерес на евроатланската интеграција на земјата, пред се Законот за Јавно обвинителство во кој се решава и СЈО, рече Костадин Ацевски од СДСМ.

Премиерот Зоран Заев во петокот порача дека власта и опозицијата треба да седнат и да разговараат барем на три теми – закон за обвинителство, попис и измени на изборниот законик.

Мицкоски за тоа дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, во истото интервју рече дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

Заев и Мицкоски последен пат на лидерска средба се сретнаа во март пред изборите за претседател.

актуелно ВМРО интеграции предвремени реформи сдсм Фокус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.