Од каде има пари Северна Кореја за развој на нуклеарна програма – прашање е на кое никој не може да даде сигурен одговор, но постои легенда за тоа дека оваа херметичка затворена држава своевремено почнала со „произведство на американски долари“. И тоа не на лажни, туку вистински, пишува агенцијата Спутник.
Историскиот „прекар“ на некогашната обединета Кореја, „Затворено Кралство“, денеска би можело да важи за северниот дел на земјата позната како Демократска Народна Република Кореја.
Информациите што доаѓаат од оваа држава се контролираат во толкава мерка што никој не може да каже како навистина изгледа животот во неа.
Една од најголемите загатки за аналитичарите и разузнавачите е од каде има севернокорејското раководство пари за амбициозни проекти како што е нуклеарната програма, бидејќи земјата со децении се наоѓа под економски санкции.
Шверцот под државна контрола, од стоки за широка потрошувачка до наркотици, е една од можностите кои ги споменуваат западните медиуми и аналитичари, наведува Спутник. Другата опција што се споменува е дека Северна Кореја, ни помалку ни повеќе, печати своите американски долари. Веќе е позната приказната за „супердоларот“, фалсификувана банкнота од 100 долари банкноти со таков висок квалитет, што речиси и нема разлика од оригиналот.
Ако американските обвинувања за производство на лажни долари на сметка на Северна Кореја се точни, се отвара прашањето како Корејанците толку го „унапредија“ своето производство?
Северна Кореја е затворена земја и не ги одржува дипломатските односи со Западот уште од педесетите.
Одговорот на ова прашање можеби го дава една легенда, во која, навистина има многу неразјаснети моменти. Меѓутоа, ако во приказната која што следи се е јасно, тогаш не би се работело за легенда.
Приказната започнува во Втората светска војна. Милиони американски војници се наоѓаат во Европа. Некои се борат на северноафриканското, а потоа и на италијанското боиште, други во Британија чекаат за префрлање и десант на Франција.
На сите нив треба да им се исплатат дневници. Американската влада, исто така, финансиски им помага и на владите кои се наоѓаат во бегство и на војниците од тие држави кои пред налетот на германската војска најдоа засолниште на слободните територии во Европа и Северна Африка. Помош во готовина Американците пружаа и на британската влада.
Затоа, според легендата, тие одлучиле во Европа да префрлат машини за печатење долари, со клишеа и хартија. Машините работеле и по завршувањето на војната, бидејќи голем број американски војници останаа во Европа, а започна и Маршаловиот план, програма за економска помош за европските земји уништени од војната.
Во еден момент, американската влада одлучи дека машините за печатење на долари во Европа повеќе не се потребни и треба да се уништат. Со една од нив тоа и се случи, но втората, поради почетокот на Корејската војна и концентрацијата на голем број војници на тој полуостров, беше префрлена таму.
Меѓутоа, во еден случај на напредување кон југ, корејските комунисти ја заплениле машината, клишеата и хартијата. Тие ги преместуваат на север и така во Северна Кореја почнува производство, не на фалсификувани, туку на вистински американски банкноти.
Сомневањата дека нешто чудно се случува се појавувале кога во светот, во седумдесетите, се појавија повеќе американски долари од педесетите години отколку што тоа било вообичаено.
Меѓутоа, владата на САД никогаш не призна дека префрлила машина за печатење пари во Кореја.
Станува збор за легенда.
Меѓутоа, нема одговор на прашањето од каде и се на Северна Кореја средства за развој на скапа нуклеарна програма.
Така, можно е, иако Америка во оптек исфрли нови банкноти со исклучителна заштита, Северна Кореја да има доволно американски долари печатени во педесеттите години, заклучува Спутник.









