Фудбалерите на Рома го победија денеска на гости СПАЛ со 3:0, во натпревар од 34 коло на италијанската Серија А.
Рома поведе во 33 минута со автоголот на Франческо Викари, на 2:0 зголеми Раџа Наинголан во 52 минута, а конечниот резултат го постави осум минути подоцна Патрик Шик.
Екипата на Рома е трета на табелата на Серија А со 67 бодови, додека СПАЛ е 17-ти со 29.
Рома следната недела ја очекува првиот натпревар од Лигата на шампиони против Ливерпул, а во наредното коло од италијанската лига го дочекува Киево, додека СПАЛ и гостува на Верона.
Фудбалерите на Беневенто вечерва приредија вистинско изненадување на Сан Сиро. Тие како гости го совладаа Милан со 1:0.
Единствениот гол на натпреварот, вреден три бода, го постигна Пјетро Јемело во 29 минута.
Милан ја имаше топката повеќе во свој посед, упати повеќе удари кон голот на противникот и играч повеќе од 80 минута, но тоа не беше доволно вечерва да стигне до позитивен резултат.
„Росонерите“ се шести на табелата со 54 бодови. Беневенто, пак, ја запиша само петтата победа од почетокот на сезоната и е последен со само 17 освоени бодови.
Сасуола претходно со ист резултат славеше против Фиорентина. Победничкиот гол го постигна Матео Политано во 41 минута.
Фиорентина е девета на табелата со 51 бод, додека Сасуоло е на 13-та позиција со 37.








