„Во близина на манастирот „Свети Илија“ во гевгелиското село Давидово се изведуваат завршните работи за асфалтирањето на патот од селото до манастирот, кој се гради по иницијатива на локалните жители.
Асфалтот е се поблиску до портите на манастирот и се очекува брзо финализирање на работите за кои Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбеди околу 11 милиони денари.
„Патот од селото до манастирот, со должина од околу 800 метри, на локалните жители и на многубројните посетители ќе им го олесни пристапот до манастирот, а тоа всушност беше и нивната најголема желба која конечно им се остварува, рече градоначалникот Сашо Поцков.
Покрај ова, рече Поцков, во тек се и работите за доасфалтирање на локалниот пат Негорци – Серменин, а до крајот на тековната година со околу 900.000 евра од Министерството за транспорт и врски ќе претстои уште една акција за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија.






