Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се враќа грофот Дракула
Филм

Се враќа грофот Дракула

јули 1, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Авторите на британската криминалистичка серија „Шерлок“  од 2010 година, Стивен Мофат и Марк Гејтис, повторно ги здружија силите со цел да направат нов ТВ формат кој ќе ги воодушеви гледачите. Станува збор за адаптација на прочуениот хорор роман „Дракула“, на ирскиот писател Брем Стокер.

Иако работите официјално не почнале, во тек се преговори со Би-Би-Си, каде современата адаптација на детективските приказни за Шерлок Холмс доживеа голем успех.

Извесно е дека ќе се прикажува во форма на мини-серија, а сеуште не е познато кому ќе му припадне главната улога, како ни тоа дали сагата за трансилванискиот гроф ќе биде сместена во модерното време.

Ова ќе биде прва соработка меѓу Мофат и Гејтис после серијата „Шерлок“, чија последна епизода е прикажана во јануари. Заедно работеа и на научнофантастичната серија „Доктор Ху“ во 2005-та. Оригиналната верзија од 1963 година го инспирирала Мофат да почне да пишува. Затоа седнал и продуцирал шест сезони приказни за Докторот, кој патувајќи со вселенскиот брод „Тардис“ го истражува времето и просторот и се бори против непријателите. Британскиот актер Марк Гејтис, освен како Мајкрофт, постариот брат на Шерлок Холмс, го знаеме и по улогите во „Играта на прстените“ и „Табу“. Љубовта кон класичниот хорор филм го „натера“ да се фати за работа и да креира своја приказна.

Делото на ирскиот писател Брем Стокер спаѓа во најдобрите романи на страв и ужас на сите времиња, а ликот на грофот Дракула настана по примерот на влашкиот владетел Цепеш Трети, кој во историјата остана запаметен по суровите методи на борба против Османлиите. Неговата „тесна специјалност“ била набивање на непријателот на кол.

Оваа возбудлива приказна неколку пати е екранизирана. Во филмот од 1958 година главните улоги ги тумачеа Кристофер Ли и Питер Кушинг. Во оној од 1992 година на Гари Олдман му припадна честа да го игра ликот на Дракула, а покрај него играа и Кијану Ривс, Винона Рајдер, Ентони Хопкинс и Моника Белучи. Серијата од 2013 година не оствари поголем успех и беше прикажана само една сезона во „траење“ од 10 епизоди.

гроф дракула приказна табу хорор Шерлок Холмс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Меколи Калкин има идеја за продолжение на „Сам дома“

ноември 28, 2025

Грац: „Овој хорор не може да се опише со зборови“

јуни 11, 2025

Депардје прогласен за виновен за сексуален напад на снимање филм

мај 14, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.