Навивачите на Перу ги користеле сите можни начини за да ја бодрат репрезентацијата на својата земја на Светското првенство во фудбал.
Меѓу нив се цели семејства со три генерации кои во живо во Русија го гледаат Перу, а има и такви кои користеле „крајни“ решенија за да се најдат таму, пренесоа светските медиуми.
Некои можеле лесно себе си да си го овозможат одењето на Мундијалот, додека други ги продавале своите автомобили, земале кредити, дури давале и откази.
Медиумите пренесуваат дека еден навивач од Лос Анџелес дал отказ затоа што не му давале одмор за време на шампионатот, после кој ќе се врати назад во родната Лима.
Перу учествува на Светско првенство првпат после 1982 година, што предизвикало масовно воодушевување во таа земја.
Пример за еуфорија покажува суспензијата на капитенот на репрезентацијата Паоло Герера, после што десетици илјади луѓе излегле на улицата на претстолнината за да го поддржат во неговата борба.
Помогнале дури и претседателот и владата, па на Гереро со одлука на Врховниот суд на Швајцарија му е укината казната и тој се наоѓа во Русија.
Репрезентацијата на Перу со пораз го почна Светското првенство, во првиот натпревар загуби од Данска. Следниот натпревар Перуанците го играат денеска против Франција.