Поплавени ниви, затрупан дел од магистралниот пат Тетово – Јажинце, оштетена водоводна мрежа , ова се штетите што ги предизвика Поројска река која се излеа, откако тетовско беше зафатено со обилни врнежи од дожд.
Патот Тетово – Јажинце се расчистува од градежна механизација, по него се уште сообраќаат возила, но со прекини.
Во селото нема регистрирано оштетување на инфраструктурата.
Поројска река се излеа и минатиот месец, при тоа беа уништени два моста, оштетен беше и мостот на Магистралниот пат Тетово – Јажинце под кој поминува реката, а поплавена беше огромна земјоделска површина.
Невремето што го зафати Тетовско се манифестираше со силен ветар, електрични празнења, голем град и обилен дожд.







