Приватниот авион чиј некогашен сопственик бил кралот на рокенролот, Елвис Присли, ќе се појави на аукција, откако 30 години беше оставен на писта.
Присли ентериерот го дизајнирал по свој вкус, па внатре можат да се најдат седишта од црвен сомот и црвен килим.
На авионот му е потребна реставрација. Во прашање е модел Локид Џетстар од 1962 година, му недостасуваат мотори и потребно е да се реставрира кокпитот.
Аукцијата ќе се одржи на 27 мај, а вредноста на авионот се проценува меѓу два и три милиони долари.







