„Светската здравствена организација во рок од две недели ги очекува првите резултати од клиничките испитувања на лекови кои би можеле да бидат ефикасно во лекувањето на пациенти со Ковид-19“, соопшти денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Извршниот директор на СЗО за вонредни програми Мајк Рајан на прес-брифинг изјави дека не би било паметно да се предвиди кога вакцината против Ковид-19 би можела да биде подготвена за масовна
дистрибуција.
Како што рече. иако кандидатот за вакцината би можел да се покаже
како ефикасен до крајот на годината, прашање е колку брзо може да
почне масовно производство.







