Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ: Македонија ја јакне примарната здравствена заштита
Македонија

ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ: Македонија ја јакне примарната здравствена заштита

април 7, 2023Updated:април 7, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На својата 75-годишнина, која се совпаѓа со Светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација (СЗО) ја почнува кампањата „Здравје за сите“.

А, за да се обезбеди здравје за сите, потребни се достапни, висококвалитетни здравствени услуги, силна здравствена работна сила која обезбедува нега фокусирана кон пациентите, како и креатори на политики кои се посветени кон вложување во универзална здравствена покриеност.

„Годишнината на СЗО претставува можност да се осврнеме кон постигнатите успеси од областа на јавното здравје во минатото, но и да се фокусираме на соочување со идните предизвици со наука, решенија и солидарност, истакнува д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во Македонија и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје.

СЗО ја поддржува Македонија во јакнењето на примарната здравствена заштита, која е темел на јавното здравство.

Преку техничка експертиза и поддршка, Организацијата и помага на државата во надминувањето на идентификуваните предизвици што го попречуваат пристапот на луѓето до услуги за здравствена заштита.

„Нашата цел е сите граѓани во Северна Македонија да имаат пристап до висококвалитетна здравствена заштита, без оглед на местото на живеење или социоекономскиот статус“, вели д-р Јохансен.

СЗО и Министерството за здравство работат и на заштитата, поддршката и зголемувањето на здравствената работна сила како стратешки приоритет. Ова вклучува вложување во едукација и развој на вештините на здравствените работници за да се подобри квалитетот на здравствените услуги, како и унапредување на работните можности за здравствените работници.

Препознавајќи ја важната улога на Министерството за здравство во постигнувањето на овие цели, СЗО го поддржува и јакнењето на владеачките и управувачките функции на Министерството.

Работата на СЗО во Македонија вклучува и поддршка за здравјето на мајките и децата, намалување на факторите за ризик за незаразни болести со цел превенција и контрола, ментално здравје, имунизација, подготвеност за итни состојби и одговор и голем број други области.

„Ќе продолжиме да го поддржуваме напредокот кон универзална здравствена покриеност, заштитата на граѓаните при на јавно-здравствени кризи, унапредување на здравјето и добросостојбата на сите граѓани, како и јакнење на капацитетот на Министерството за здравство за развој и спроведување на политики засновани на докази со кои се подобруваат здравствените резултати“, вели д-р Јохансен.

Во глобални рамки, постигнувањата во областа на јавното здравје во текот на последните седум децении со кои се подобри здравјето, добросостојбата и квалитетот на живеење на луѓето во целиот свет се добро познати: искоренување на големите сипаници, речиси целосно елиминирање на пет тропски болести, системско воспоставување на рутинска имунизација, намалување на бројот на случаи со детска парализа (полио) за 99 проценти, креирање на првата вакцина против маларија, развој на нови пристапи за контрола на туберкулоза, обезбедување пристап до безбедна вода за милијарди луѓе, и многу други.

Меѓутоа, пандемијата со КОВИД-19 ги наруши здравствените системи, економии и општества.

„Светот виде дека кога здравјето е под ризик, сѐ е под ризик. Учејќи од најлошата пандемија во нашата историја, СЗО е подготвена да ги поддржи земјите од светот во утврдувањето на договорот за одговор при пандемии, ревизијата на Меѓународните здравствени регулативи и другите финансиски, управувачки и оперативни иницијативи за светот да се подготви за идни закани од пандемии, заклучува д-р Јохансен.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: МИА)

актуелно заштита здравствена македонија примарна сзо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.