Прилично силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ги погоди подрачјата на Херцеговина и Далмација со епицентар недалеку од Груд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Тресењето на земјата траело неколку секунди, а според првите извештаи нема жртви или материјална штета.
Тлото се затресло во 10.29 часот. Магнитудата на земјотресот изнесувала 4,6 степени според Рихтер, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Според коментарите што стојат на Твитер под објавата на ЕМСЦ, луѓето најчесто коментирале – „добро затресе“, „беше јак потрес“, „се осети и во Посушје“.
Се јавија и корисниците на оваа платформа од хрватските општини Подгори, Тучепи, Суќурај и Макарска кои известиле дека и тие го почувствувале потресот.







