Силни експлозии одекнаа во финансискиот кварт на Торонто, а официјални лица истакнуваат дека нема знаци оти во прашање е напад поврзан со тероризам.
Портпаролот на полицијата Елисон Даглас Кук изјави дека од противпожарниот оддел веруваат дека подземни трансформатори најверојатно се причина за експлозиите.
Експлозиите одекнаа во попладневните часови по локално време, а засега нема податоци дека има повредени.







