Четири лица во средата вечерта околу 20 часот во скопско Шуто Оризари силувале 18-годишна девојка. Настанот се случил на улицата Нов живот, близу последната постојка на 19-ка.
Случајот во полиција го пријавил вработен во ХОПС.
Инспектори од Министерството за внатрешни работи работат на утврдување на идентитетот на напаѓачите и на нивно пронаоѓање и приведување.