Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Силјановска од Крива Паланка: Како претседател на државата ќе издвојам пари за сиромашните од скромниот претседателски буџет
Македонија

Силјановска од Крива Паланка: Како претседател на државата ќе издвојам пари за сиромашните од скромниот претседателски буџет

април 19, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Оваа власт ветуваше дека ќе ги заштити најранливите, дека ќе ја брани социјалната држава, а ги заборави и Македонија е земја на социјални случаи. Првото што ќе го направам кога ќе дојдам на функцијата претседател на државата, ветувам пред вас,
дека ќе издвојам пари за сиромашните од скромниот претседателски буџет бидејќи ниту еден претседател не може да биде среќен доколку неговиот народ не е среќен, рече кандидатката за претседател на коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова од Крива Паланка.

Таа пред кривопаланчани вети дека кога ќе дојде на функцијата најпрвин ќе се солидаризира со сиромашните граѓани чија бројка изнесува околу 40 отсто од вкупното население.

„Македонија е 95 место по слобода на медиумите. Пред нас е Намибија.

Со толку телевизии, портали, и останати медиуми ние сме на дното, а основна цел на медиумите е да бидат куче-чувар на демократијата, но ако како сегашната власт го вдомите во Владата не само што нема да каса, туку и нема да лае. За време на изборите претставниците на власта не треба да присуствуваат на митинзи и собири, но деновиве го гледаме токму спротивното што покажува дека нешто во оваа држава е труло. Ние не бараме избори заради себе и сопствен интерес. Ние бараме избори зашто сегашната власт попусто ги окупира функциите и не направи ништо за својот народ, освен авантурата во Преспа. Предизвик на секоја влада е да се однесува одговорно и скромно за да ја има довербата кај народот. А, бидејќи вие не и верувате на Владата која не се однесува одговорно и скромно, вашата недоверба треба да ја потврдите на 21 април и 5 мај и подоцна на предвремените парламентарни избори кои ќе ги распишат бидејќи ќе ја видат вашата недоверба и ќе мора да го исполнат ветувањето, изјави Силјановска Давкова.

Според неа, од нашата држава секојдневно си заминуваат најучените и најкомпетентните, наместо да и возвратат на државата која вложила во нив.

„Ги разбирам сите што си заминуваат бидејќи таму каде што одат бараат подобар живот што го немаат во татковината, зашто раскошот го грабнаа оние кои се на власт. Ветуваа економски раст, а сегашниот е најнизок во регионот. Немаме корист од нивната економија, бидејќи нема средна класа, нема занаетчии, нема интелигенција. Не се најдобрите на функциите, туку најполитизираните и најпослушните, а тоа вие ќе го казните на изборите на 21 април и 5 мај, рече Силјановска Давкова.

На митингот се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека „не сте човек, а уште помалку добар политичар ако не се водите според правото и правдината“.

„Овој народ е како Пиреј, колку и да го корнеш, колку и да го кубеш ќе опстои и ќе ти возврати, а се ближи тој ден. Вие малкумината од власта ќе бидете запишани во историјата дека се откажавте од македонскиот идентитет за пусти пари, рече Мицкоски пред кривопаланчани.

Тој ги повика граѓаните на Крива Паланка во недела до изберат претседател кој ќе ги чува Уставот, правото и правдината.

буџет издвојување кандидат пари Претседател силјановска сиромашни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.