Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сиљановска – Давкова: Mотото „Посилна Европа – Посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа базирана на принципи и вредности
Македонија

Сиљановска – Давкова: Mотото „Посилна Европа – Посилно НАТО“ значи проширена и обединета Европа базирана на принципи и вредности

јули 8, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Mотото „Посилна Европа – Посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа која живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова да има обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО.

Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

– Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста, објави претседателката на Фејсбук.

Сиљановска-Давкова на самитот ја предводи македонската делегација во чиј состав се министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата.

Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина.

На маргините на самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите-членки на НАТО.

Дводневниот самит во Анкара ги собира лидерите од 32-те земји членки на НАТО, меѓу кои се американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Марк Карни, финскиот претседател Александар Стуб, словачкиот претседател Петер Пелегрини, албанскиот премиер Еди Рама, бугарскиот премиер Румен Радев, црногорскиот премиер Милојко Спаиќ…

На самитот ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Покрај 32 шефови на држави и влади на НАТО, на самитот се присутни и речиси 100 министри, високи дипломати, претставници на меѓународни организации, заедно со неколку илјади дипломати, новинари и други гости.

 

Извор: МИА

актуелно давкова Европа НАТО посилна силјановска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.