Амбасадорот на Израел во Берлин, Рон Просор, остро го осуди однесувањето на членот на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија и пратеник во Бундестагот, затоа што, како што изгледа, танцувал на Меморијалот на жртвите од Холокаустот во таа земја. Германскиот пратеник предизвика бес и осуда во јавноста откако објави слика на која стои со раширени раце на една од бетонските плочи на споменикот.
Просор на социјалните мрежи напиша дека Винтерштајн се посрамотил себе, а ја посрамотил и партијата.
„Господине Винтерштајн, сите ве гледаат како танцувате додека се засрамувате себе си. „Уживајте во вашата срамна минута слава бидејќи вашето име наскоро ќе биде заборавено. Осветените души кои се споменуваат на спомен обележјето никогаш нема да бидат заборавени“, напиша амбасадорот, на Твитер.
Укорот дојде како одговор на фотографијата објавена минатиот викенд на социјалните мрежи, на која се гледа како Винтерштајн позира на споменикот за повеќе од шест милиони Евреи убиени од нацистите за време на Холокаустот.

Германските медиуми објавија дека видеото е направено откако десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) се собра на протест против енергетската политика на владата.
АфД инцидентот го нарече „крајно непочитување“ и велат дека ќе преземат одредени мерки против Винтерштајн.
Пратеникот ги негираше тврдењата дека танцувал на споменикот и рече дека ја симнал својата објава на социјалните мрежи „од почит“ кон оние кои биле навредени.
Тој контроверзноста ја нарече „бура на огорченост“.
„Нема шанси да танцував на гробовите“, истакна „обвинетиот“ Винтерштајн, туку „стоев на споменикот“. Патем, додаде дека АФД се залага за „мир и слобода, и токму затоа сум таму од самиот почеток. Беше тоа убава слика во тој поглед“, но доведе до „саморефлексии“.
Меморијалот, кој е едно од најпосетуваните места во Германија, содржи 2.711 бетонски плочи распоредени во мрежа на косо поле.
Вандалите го уништиле и без почит го користеле како рекреативен простор или заднина за селфи.
Лидерот на АФД, Бјерн Хеке, во 2018 година го критикуваше споменикот, нарекувајќи го „споменик на срамот“. Партискиот трибунал во тоа време ги отфрли настојувањата тој да биде исфрлен од партијата.







