Неспортскиот потег на францускиот тенисер Лоран Локоли, 285 на АТП листата, беше виден после поразот од Мартин Клижан во првото коло на Ролан Гарос.
Домашниот игран не само што во Париз покажа дена не умее да поднесе пораз, туку со прилично навредливата гестикулација демонстрираше и недостаток на пристојност.
Мартин Клижан го победи Локоли после пет сета и три часа и 43 минути борба со 7:6 (7:4), 6:3, 4:6, 0:6, 6:4.
После овој маратонски дуел Клижан пријде да му пружи рака на поразениот, но Французинот тоа го одби и со рака му покажа да се тргне од него.
Словакот, инаку 50 тенисер на светот, потоа се сврти, се поздрави со судијата и замина.
https://www.youtube.com/watch?v=p9gbyIEw55M