Согласно добиените резултати од испитувањата на Секторот за санитарна контрола, во периодот од 7 до 11 јуни 2021 година, сите примероци од анализата на водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од таму дополнуваат дека Секторот за санитарна контрола во наведениот период земал 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода од 46 мерни места во Градот Скопје.







