Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Скопје одбележува 76 години од депортацијата на македонските Евреи
Скопје

Скопје одбележува 76 години од депортацијата на македонските Евреи

март 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со повеќе активности денеска во Скопје ќе бидат одбележани 76 години од депортацијата на македонските Евреи, во организација на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот.

Во Македонскиот народен театар ќе се одржи комеморативна свеченост на која се најавени обраќања на премиерот Зоран Заев, претседателката на Еврејската заедница Берта Романо Николиќ, Рабин Ендрју Бејкер, директор за меѓународни односи во Американскиот еврејски комитет, Роберт Сингер, потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес и Зеев Елкин, министер за Ерусалим и за заштита на животната средина на Израел.

По комеморацијата во Меморијалниот центар на холокаустот ќе биде отворена постојана изложбена поставка.

Претходно, ќе биде положено цвеќе пред споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, кај поранешниот скопски Монопол, каде ќе има обраќања на претседателот на Меѓународната асоцијација за сеќавање на холокаустот, амбасадорот Жорж Сантер и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на паднатите броци во НОБ на Градските гробишта Бутел.

Активностите ќе бидат заокружени со комеморативен концерт во Меморијалниот центар на холокаустот, со обраќања на Романо Николиќ и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

По повод 76 години од депортацијата на македонските Евреи вчера во Битола се одржа „Марш на животот“, со учество на високи гости од државата и странство, амбасадори и конзули, владини министри, претставници на јавниот живот од градот и ученици од Израел и Германија.

Коморативната програма ќе продолжи утре во Штип, каде, меѓу останатото, ќе се одржи Марш на животот и ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи од овој град.

За време на Втората светска војна од државава биле депортирани 7.114 Eвреи, кои биле одведени во логорот Треблинка во Полска. Собирањето на Евреите од повеќе градови низ Македонија започнало ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943, по што биле донесени во Скопје во зградата на Монополот. Транспортот на Евреите од Македонија започнал на 22 март 1943 година, а до 29 март истата година биле депортирани сите македонски Евреи во Треблинка, од каде никој не се вратил

депортација Евреи одбележува скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје

јуни 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.