Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Собранието расправа по предлогот Кацарска да биде нов уставен судија
Македонија

Собранието расправа по предлогот Кацарска да биде нов уставен судија

ноември 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

И денешното продолжение од собраниската расправа за изборот на Добрила Кацарска за судија во Уставниот Суд помина во најголем дел со дискусии на пратениците од
опозцијата, според кои, таа не го заслужува местото за кое се предлага.

Таа, според нив, ниту е стручна, ниту соодветна да биде Уставен судија, и неа токму  овој Суд и укина одлука бидејќи „не ги знае Уставот и законите“.

Ова место, беше посочено во дискусиите, го добива како награда за послушноста кон власта за многу судски пресуди, меѓудругите, и за оние кога се менуваше Уставот за промена на уставното име на државата.

На нивните ставови реплицираа пратениците од партиите на власт, кои посочија дека најмалку ВМРО-ДПМНЕ има право да говори за независно судство затоа што во време на нивното владеење тоа било донесено до најниското можно ниво.

Јавноста, посочија пратениците од власта, многу добро виде колку беше независно судството во времето на владеење на сегашната опозиција, но и да чуе за судиите од
министерските тефречиња и за нарачување пресуди по желба.

Пратеникот од Левица Димитар Апасиев, истакна дека во моментов во земјава има најслаб персонален состав на Уставниот суд од како постои уставното судство од 1963 година.

Наместо кредибилитет на уставните судии, потенцира тој, гледаме ликови кои гледаат да и угодат на власта, а не личности кои имаат сила и знаење да и се спротивстават.

Тој забележа што претседателот на Судскиот совет, Кире Здравев не го образложил предлогот Кацарска да биде уставен судија, дали имало и  други кандидати или како што рече, и таа била избрана од некои тефтерчиња.

„Таа е единствен судија осуден од Уставниот суд каде што ја бираме за уставен судија и наместо да биде разрешена за тоа, таа е номинирана за оваа функција“, рече Апасиев.

Симптоматично е за овој кандидат, потенцира тој, е што „таа треба кривично да биде гонета по падот на овој хибриден режим затоа што шуруваше со власта и ги штимаше нарачаните пресуди и решенија за притвор при промена на уставното име на државата“.

Немањето образложение на предложениот кандидат за уставен судија од страна на претседателот на Судскиот совет Кире Здравев за пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО говори дека тој е свесен за неквалитетот на Кацарска.

Вие, му рече Милошоски на Здравев, добро знаете дека сте и самиот десет пати подобар кандидат за уставен судија од неа.

Недавањето образложение за предлогот Кацарска да биде уставен судија според пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, е навреда за Собранието.

Моделот по кој се бираат судиите, рече таа, мора да се менува и тоа да се прави преку интервјуирање и присуство на стручни лица, а не со дигање рака во Собранието.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчевска од СДСМ рече дека пратениците со вакви паушални квалификации и обвинувања фрлаат дамка на целиот судски совет и на целиот правосуден систем.

„Сега говорите тука дека не била стручна кандидатката да ја обавува функцијата уставен судија. Со ова се сомневате во стручноста и квалитетите на луѓето кои седат во Судскиот совет, чиј предлог е Кацарска, чии членови да не заборавиме две третини ги избираат самите судии на непосредни избори. Со ова фрлате темна дамка на
целиот правосуден систем и на сите судии во оваа наша држава“, истакна Ванчевска.

Кацарска за уставен судија ја предложи Судскиот совет, на крајот на септември.

Таа треба да дојде на местото на судијата Владимир Стојановски, чиј мандат е истечен.

На дневен ред на оваа 20. седница се измените на Законот за приватно обезбедување, измените и дополнувањата на Законот за Централен регистар, измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и измените на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за
денационализација, сите во прво читање.

Доколку Комисијата за финансирање и буџет ги разгледа, Собранието би можело да расправа и за предлозите на законите за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19 за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, за измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, сите по скратена постапка.

На дневен ред се и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој–Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка.

актуелно кацарска предлог собрание уставен судија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.