Членовите на Советот на Град Скопје, пред почетокот на седницата, со едноминутно молчење му оддадоа почит на норвешки политичар и дипломат Торвалд Столтенберг.
Столтерберг почина на 13 јули на 87-годишна возраст.
„Во меморијата на скопјани останува запаметен неговиот несебичен придонес во изградбата на монтажните куќи во населбата Тафталиџе, Детската болница за белодробни заболувања во Козле, како и по координацијата на хуманитарната помош од норвешкиот Црвен крст, која се состоела од 2300 волнени кебиња, 80 кг антибиотици, 250 пакети за трансфузија на крв и 5000 пакети прва помош. За сето она што тој го направил за овој град, Град Скопје во иднина ќе ја има можноста да се оддолжи за неговиот несебичен влог со тоа што ќе предложи една од скопските улици да го носи името Торвалд Столтенберг“, кажа градоначалникот Шилегов.
За исклучителниот придонес во обновата на Скопје, на 26 јули 2008 година, на одбележувањето на 45-годишнината од катастрофалниот земјотресот Торвалд Столтерберг беше прогласен за почесен граѓанин на Скопје.







